Над 3.200 граѓани поднеле барања за субвенционирање на купен и вграден соларен систем во домовите, за што се предвидени 6 милиони денари. Министерството за економија петти пат ја спроведува оваа стимулативна мерка, која годинава вторпат се реализира по пат на јавно извлекување на добитниците, кои ќе добијат надомест од 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра. Заклучно со крајниот рок во јавниот оглас, кој траеше до 31 мај, во Министерството за економија се пристигнати 3.271 барање за чија реализација се предвидени 6 милиони денари. Тоа е навистина голема бројка, но радува и фактот што с`повеќе стануваме свесни дека со воведување соларен термален колектор едно домаќинство во својот дом годишно може да заштеди околу 2.400 квч, а финансиските заштеди за една година би изнесувале околу 13.000 денари.
Над 3.200 граѓани поднеле барања за субвенционирање на купен и вграден соларен систем во домовите, за што се предвидени 6 милиони денари - вели министерот за економија Ваљон Сараќини.
Министерството за економија петти пат ја спроведува оваа стимулативна мерка, која годинава вторпат се реализира по пат на јавно извлекување на добитниците, кои ќе добијат надомест од 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра.
- Заклучно со крајниот рок во јавниот оглас, кој траеше до 31 мај, во Министерството за економија се пристигнати 3.271 барање за чија реализација се предвидени 6 милиони денари. Тоа е навистина голема бројка, но радува и фактот што с` повеќе стануваме свесни дека со воведување соларен термален колектор едно домаќинство во својот дом годишно може да заштеди околу 2.400 квч, а финансиските заштеди за една година би изнесувале околу 13.000 денари - рече министерот Сараќини.
Досега, Министерството за економија има субвенционирано 1.901 домаќинства (2007 и 2009 година по 500 домаќинства, во 2011 година 420, а во 2012 година 481 домаќинства) и за оваа намена досега се исплатени 27.855.001 денар од буџетот. Субвенционирањето на вградување сончеви колектори во домаќинствата, како што истакнуваат од Министерството за економија, е дел од политиките и мерките кои овозможуваат промоција на обновливите извори на енергија, унапредување на енергетската ефикасност.